Голманката Јована Мицевска имаше одличен настап во натпреварот против Франција и забележа десет одбрани.
Таа вели дека уживала да брани во феноменална атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ и вети подобри изданија.
„Тргнавме многу еуфорично, но кога ја видов салата полна ми се наполни срцето. Првпат игравме во сала полна со наша публика и беше феноменално. Сметам дека не бевме во грч на стартот, мислам дека системот во кој работат во Франција е многу подобар, говорам за лигата, а и ракометарките играат во силнилиги и во Лигата на шампионите. Сакам да се заблагодарам на публиката за поддршката, се надевам дека во следните мечеви ќе бидеме барем двапати подобри од овој дуел“, изјави голманката.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот против Холандија што ќе се игра во понеделник од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.