Михајловски: Се надевам дека Талески ќе остане!

Сопственикот на РК Вардар Михајло Михајловски најави дел од играчките промени во клубот за следната сезона.

Потенцираше дека негова желба е половина екипа да бидат македонски репрезентативци, па од таму и прашањето каков ќе биде статусот на Филип Талески за следната сезона со оглед на тоа дека неговиот договор завршува.

„На Талески му завршува договорот и направивме начелни разговори, не можам да тврдам, но мислам дека ќе остане во Вардар. Тој не е комплетно задоволен, а од друга страна не го пружи она што се очекуваше од него. По негово кажување и не доби баш шанса и мисли дека треба да добие повеќе простор. Се надевам дека ќе остане!“, прокоментира првиот човек на „црвено-црните“.

Комплетното интервју со Михајловски прочитајте го подолу…

ИНТЕРВЈУ МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ: Вардар не е мој, тој е наш, македонски бренд – и државата тоа треба да го сфати!