Митревски одигра фантастично полувреме – и бранеше и погодуваше! (ВИДЕО)

Македонскиот голман Никола Митревски учествуваше со седум одбрани во поразот на Порто од Динамо Букурешт (31:32). Митревски го заврши натпреварот седум одбрани и тоа сите во првото полувреме. Во второто поголем дел беше на клупата. Во првите 30 минути македонскиот голман се запиша и во листата на стрелци. Погледнете го погодокот на Митревски во продолжение...