Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за претстојните натпревари во Лигата на Европа.
Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе патуваат во шпанскиот град Логроњо.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Ла Риоха и шведскиот Савехоф, што ќе се игра на 15 февруари од 20:45 часот.
Делегат на овој дуел е Португалецот Хорхе.
Во женската Лига на Европа, Ненад Николовски и Исмаил Металари на 12 февруари ќе го судат мечот меѓу германскиот Битигхајм и францускиот Нант.