Тимовите на Порто и Барселона ќе се борат за трофејот на првото издание на Иберискиот Суперкуп, кој викендов се игра во Малага.
Порто, на чиј гол одлична партија имаше македонскиот репрезентативец Никола Митревски, славеше во полуфиналето против Гранољерс со 46-30.
Барселона, се мачеше во дуелот со Спортинг Лисабон, но на крајот сепак победи со 37-34 и обезбеди место во финалето.
На Иберискиот Суперкуп играат шампионите на Шпанија и Португалија, како и освојувачите на трофеите или финалистите во националните купови.