Митревски и Порто ќе играат на „Иберискиот Суперкуп“ со Барса, Спортинг и Логроњо

Пред стартот на новата сезона ќе се одржи второто издание на Иберискиот Суперкуп, во кое играат најдобрите четири екипи од Шпанија и Португалија.

Во португалскиот град Виана До Кастело, на 2 и 3 септември, четири меча ќе одиграат Барселона, Ла Риоха, Порто и Спортинг Лисабон.

Порто, каде што брани македонскиот голман Никола Митревски во полуфиналето ќе се соочи со Ла Риоха.

Во втората полуфинална средба, шпанскиот првак Барселона ќе игра противи освојувачот на португалскиот Куп, Спортинг Лисабон.

На 3 септември ќе се играат дуелот за третото место и финалниот натпревар.