Митревски и Порто со убедлив старт во Португалија

Португалскиот Порто каде што настапува Никола Митревски имаше победнички старт на новата сезона во која ќе ја брани титулата.

Порто славеше убедливо на гостувањето кај составот на Белененсес со 11 погодоци разлика, 40-29.

Митревски и неговиот колега Диого Рема поделија по едно полувреме. Капитенот на Македонија одбрани пет удари на ривалот.

Следен предизвик за Порто пред стартот на Лигата на шампионите ќе биде домашниот дуел со Повоа.