Митревски има една од најдобрите одбрани за ноември во СЕХА (ВИДЕО)

Откако ги објави најдобрите погодоци за месец ноември, медиа тимот на регионалната СЕХА лига ги објави и најдобрите пет одбрани.

Меѓу нив има место за најдобриот голман во ова натпреварување – Никола Митревски од македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник.

Една од неговите одбрани на дуелот со белорускиот тим Мешков Брест влезе во ТОП 5, а покрај него во изборот се Тодор Јандриќ, Иван Пешиќ, Иван Мацкевич и Олександр Билји.

Погледнете…