Сениорската репрезентација на Македонија одигра нерешено во првиот бараж натпревар против Чешка, 24:24.
Организаторот на играта, Филип Миркуловски, е свесен за пропуштената шанса и прилика во Злин, но се надева дека на реванш натпреварот против Чешка, кој ќе се одигра во Скопје, Македонија ќе биде подобриот противник на терен.
„Доста чуден натпревар, игравме многу добро, многу лесно, 40, 50 минути, имавме 5 до 7 гола разлика, но, сепак, голманот Мрква влезе во една серија и не успеавме да го совладаме. Штета, требаше да го добиеме овој натпревар. Некој пред натпреварот да ни кажеше дека ќе биде нерешено на овој дуел би прифатиле. Многу ми е жал, но в недела играме уште еден натпревар, да го добиеме тој дуел и да одиме на Светско првенство“, изјави Миркуловски.
Реванш натпеварот после кој ќе биде познат патникот на Светското првенство ќе се игра во недела со почеток во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковиски“.
Луда завршница среде Злин, Македонија со реми се враќа од Чешка!