Миркуловски: Со квалитетна атмосфера може да се надеваме на позитивно ЕП

Репрезентацијата на Македонија влегува во завршна фаза од подготовките за Европското првенство,а Филип Миркуловски кој покрај тоа што е член на стручниот штаб и понатаму е активен на теренот смета дека на овој шампионат поискусните треба да бидат поддршка за помладите во составот.

Зад себе има одлични резултати со оглед на тоа што учествуваше во сите поголми успеси на Македонија.

„Сигурно нашето искуство помага на помладите. Јас, Кире, Столе… сме поискусни и треба да им помогнеме на Талески, Кузмановски и Велковски. Ако тие ни помагаа пред 3-4 години, сега ние сме тука да им помогнеме нив. Се трудиме да направиме една здрва атмосера и тоа е еден од најважните моменти покрај квалитетот. Мора да имаме квалитетна атмосфера ако сакаме да направиме нешто на ова Европско првенство. Работиме на тоа и на тактичко-технички план и сме подготвени за овој шапионат. Со господ напред да се радуваме на уште едно полуфинале“, изјави Миркуловски за 24 Ракомет.

До почетокот на првенството нема да има нови контролни средби и само ќе се тренира. Првата средба е од 18 часот против селекцијата на Словенија.