Македонија славеше против Чешка со 27-25 во реванш мечот од баражот за пласман на Мундијалот и обезбеди осмо учество на светскиот собир.
Средниот бек Филип Миркуловси го одигра последниот натпревар во дресот со националниот грб.
„Целта е остварена, се пласиравме на Светско првенство, а тоа беше најважно. Ова беше последен натпревар со многу емоции. Сите години, секогаш било добро чувството кога играш за репрезентација. Чест ми беше што 20 години играв за Македонија. Секогаш давав максимум, се надевам така ќе биде во иднина. Јас кога започнав со репрезентативната кариера беше многу тешко. Сега новите генерации имаат полесна задача, како нешто што остана од генерацијата со Кире, Ванчо, Стоилов и останатите. Сметам дека на мојата позиција има доста добри ракометари, како Митев и Атанасијевиќ. Дај Боже да ме престигнат и мене бидејќи тоа ќе биде добро за репрезентацијата“, изјави Миркуловски.
Миркуловски за Македонија одигра 126 меча и постигна 317 погодоци, од кои два на последниот натпревар против Чешка.