Минимален пораз на Лазаров и Нант, Нексе попушти во финишот

Во последното 10. коло од Лигата на Европа се одиграа неколку интересни натпревари. Кире Лазаров со Нант загуби на гостувањето кај Бенфика со 31:30 (15:16). Лазаров беше стрелец на три погодоци.

Нексе на домашен терен против Магдебург добро се држеше педесетина минути, но во финишот попушти и загуби 24:28 откако на полувреме беше 11:11.

На останатите натпревари победи остварија Кадетен Шафхаузен, Екс ан Прованс, Спортинг и Висла Плоцк.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 10. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ВИНТЕРТУР – ТАТРАН ПРЕШОВ 27:31 (12:14)

ТУЛУЗ – БИДАСОА ИРУН 26:26 (13:12)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ВИСЛА ПЛОЦК 29:30 (15:16)

ГРУПА Б

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – КОКС 0:10

ЛЕМГО – ГОГ 39:35 (19:17)

БЕНФИКА – НАНТ 31:30 (15:16)

ГРУПА Ц

САВЕХОФ – ГОРЕЊЕ 27:28 (14:11)

НЕКСЕ – МАГДЕБУРГ 24:28 (11:11)

ЕКС АН ПРОВАНС – ЛА РИОХА 37:31 (19:16)

ГРУПА Д

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР- – АЕК 30:19 (10:8)

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ТАТАБАЊА 32:26 (19:17)

СПОРТИНГ – НИМ 32:30 (17:18)