Раководството на тимот на Мешков Брест објави оглас со кој бара тренер за следната сезона, а покрај квалификациите кои треба да се исполнуваат за да дојдат до тренерската позиција во шампионот на Белорусија веќе се знае и платата што ќе ја добива стратегот кој ќе го води тимот.
Според огласот новиот тренер ќе добива 4336 белоруски рубљи или 1382 евра според моменталниот курс.
Новиот тренер треба да има познавање на англискиот јазик, мастер лиценца и високо образование.
Веќе е јасно дека Раул Алонсо си заминува, па затоа од Мешков Брест се решени да најдат негов наследник уште сега. Како најсериозен кандидат се споменува Урош Зорман, но многу работи ќе зависат и од списокот на тренери кои ќе се пријават на огласот.