Металург убедливо против Шампион во Купот на Македонија

Ракометарките на Металург без многу проблеми триумфираа против Шампион со 33:21 во рамките од Групата А од Купот на Македонија.

Тренерот на Шампион, Валентина Радуловиќ, немаше многу опции во нападот, а ракометарките на Металург заслужено триумфираа на денешниот натпревар. Формалниот домаќин во спортската сала „Автокоманда“ имаше сили во првите минути при единственото водство од 3:2. И покрај исклучувањата од осум минути за Металург во првиот дел, резултатот на полувреме беше 9:16 .

Во второто полувреме состојбата на терен беше слична. Металург го зголемуваше водството и во текот на 34. минута преку Божиновскa ги имаше највисоките девет голови разлика, 11:20.

Домаќинот најчесто преку Петровска и Георгиевска доаѓаше до реализација, но добрата одбрана на Металург беше причина за поразот. Шампион на неколку моменти од натпреварот го намали водството на шест разлика, но до крајот на натпреварот, Металург, ја зголеми својата предност до 12 разлика.

Најефикасни во редовите на Металург со по седум голови беа Марија Тасевска и Ивана Арсениевска. Во составот на Шампион солидна партија имаше Мила Филипова со пет постигнати голови.

Во утрешното финале во Групата А, Металург, ќе ги одмери силите со тимот на Спартак.