Металург стартува со подготовки на 11 јануари

По двонеделна пауза, в понеделник, 11 јануари, стартуваат подготовките на Металург за вториот дел од сезоната. Ракометарите ќе тренираат во Автокоманда, а за почеток тренерот Оливер Димитриоски ќе располага само со македонските играчи.

Поголемиот дел од интернационалците во овој период имаат репрезентативни обврски, па ќе се приклучат дополнително.

Во втората половина од сезоната, Металург ќе биде без Михајло Младеновиќ и Лука Вујовиќ, кои веќе не се дел од тимот.

Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречека екипата на Тулуз. Покрај оваа, во февруари тимот од Автокоманда треба да игра со Висла Плоцк и Фиверс, а во март со Адемар Леон дома. Се уште не се познати термините за одложените натпревари со Чеховски Медведи и Висла Плоцк.