Составот на Металург дојде до победа од 20:19 на гостувањето кај Бутел Скопје и со три бода се враќа во Автокоманда. Во натпревар во кој двете екипи се менуваа во предност на крајот од средбата нијанси го одлучија победникот. Домашните имаа свои шанси, но не ги искористија да дојдат до реми.
Тоа не влијаше многу на теренот на играчите кои тргнаа во мал грч. Немаше многу погодоци ниту на едната ниту на другата страна. Се забележуваше трага од паузата во играта кај Металург така што имашемалку голови.
Долго раликата беше ден погодок при што и двете екипи се менуваа во водство. Немаше одвојување на некој тим така што долго се бараше игра при која некој тим ќе дојде во предност.
Металург ја искористи шансата и откако Бутел имаше 7:5 во 12. минута следуваше период во кој гостите направија 6:0. Ракометарите на Металург дојдоа до 11:7, но потоа во завршните пет минути од првиот дел на средбата ЗлаткоДаскалоски успеа одлично да одбрани и да овозможи на одмор да се замине со негатива од еден гол.
На паузата тимот на Металург имаше 11:10, а ова најави уште поинтересно и повобудливо второ полувреме. Така и беше на теренот каде што цело второ полувреме се играше практично со предност од еден или два гола за некој од тимовите.
Имаше малку голови, но и покрај тоа неивесноста траеше до крајот. И во финишот се влезе со неизвесност во која Металург влезе со 20:19. Младеновиќ доби две минути, а Бутел Скопје пенал. Меѓутоа, Мајиќ не беше прецизен откако Дупјачанец успеа да го одбрани ударот. Со играч помалку тимот на Металург успеа долго да напаѓа, а Додиќ биеше премлако така што Даскалоски го запре неговиот удар.
Последниот напад беше за тимот на Бутел. Домашните се прекомбинираа во обидот да дојдат до нерешени 20:20, па времето истече додека упатат удар. Последниот шут беше за Мајиќ, но тој биеше во блокот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА