Металург рутински против Деспина

Ракометарките на Металург по поразот од Куманово се вратија на победничките патеки во Женската лига.

Избраничките на Јулијана Дамчевска во Автокоманда го победија составот на Деспина од Прилеп со 31-20.

Во првиот дел гостинките одржуваа некаква рамнотежа, но сепак во финишот Металург се одлепи на плус четири и на пауза се замина до резултат 14-10. Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и домашните ракометарки без мака ги казнуваат сите грешки на прилепчанки.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Тасевска и Билјана Дамчевска со по шест гола, додека кај Деспина најискусната Мери Конеска беше стрелец на пет погодоци.

Сега Металург има 48 бода, еден помалку од второпласираниот Вардар, кој има 49 и првиот Куманово со 55 бодови.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080