Металург РА со убедлив триумф ја затвори сезоната во Првата лига

Ракометарите на Металург РА имаа лесна задача во последното коло од плеј-аутот во Првата лига и на домашен терен убедливо го совладаа составот на Преспа со 42:21.

Тимот од Автокоманда супериорно го започна натпреварот и уште во почетните минути најави убедлива победа. Беше 6:1, а потоа и 11:2 за Металург РА, па после десетина минути веќе беше познат победникот.

До крајот на првиот дел домаќините обезбедија огромна предност од 26:11. Второто полувреме беше формалност, Преспа немаше сили за поголем отрпор и разликата постојано растеше за на крај триумф на Металург РА со 21 гол разлика.

Најефикасен со 12 погодоци во екипата на Металург РА беше Дамјан Субашевски, додека осум гола постигна Дамјан Наумовски, а седум Филип Фидановски. За екипата на Преспа шест гола постигна Андреј Божиновски.