Во натпреварот од 6. коло во Суперлигата кој беше одигран предвреме поради европските обврски на Металург, тимот од Автокоманда без поголеми проблеми славеше над Тиквеш со 36-24.
Кавадарчани водеа само на стартот со 0-2 и 2-3, а потоа се беше во знакот на домашниот тим. Металурзи си го фатија редот и најпрво поведоа со 6-3, а потоа константно ја зголемуваа предноста и ги казнуваа сите грешки на гостите.
Во двата тима имаше многу отсутни ракометари, па двајцата тренери Зоран Кастратовиќ и Томе Петрески им дадоа шанса на сите од клупата. До крајот на полувреме водството на Металург беше плус осум, 21-13.
Вториот дел беше само формалност и само беше прашање колкава ќе биде разликата на крајот. Домашните кои се подготвуваат за европските настапи не препуштија на случајот и рутински одиграа до крајот за конечни 36-24.
Could not load the poll.