Пред стартот на пролетниот дел од сезоната ракометарите на Металург последните денови од подготовките ќе ги одработат во Стара Пазова, а ќе одиграат и две контролни средби.
Металурзите ќе работат во Стара Пазова од 17 до 22 февруари. Во текот на овие денови ќе имаат можност да ги одмерат силите против две екипи кои обезбедија четврт-финале во СЕХА лигата.
На 18 февурари во Нови Сад ќе биде одигран натпревар против Војводина, а два дена подоцна Металург ќе патува за Нашице каде што ќе биде одигран натпревар против Нексе.
Ова ќе бидат последните контроли пред почетокот на вториот дел од сезоната во кој Металург веќе има обезбедено плеј-оф во Супер лигата. Сепак, останува во плеј-офот да се види дали може да се крене нивото на формата.