Слично како што понекогаш се случува и во Македонија, така и во Украина, медиумите пред ракометната федерација го објавија списокот од 28 ракометари на селекторот Сергеј Бебешко од 28 ракометари пред Европското првенство!
Во текот на вчерашниот ден, на украинскиот спортски портал „XSport“ се појави списокот на Бебешко, кој сега веќе нема клупски ангажман и ќе сепосвети само на работата во репрезентацијата. Тој одбра 28 играчи, од кои ќе ги одбере оние што ќе бидат дел од континенталниот собир и натпреварите со Австрија, Чешка и нашата селекција.
Бебешко на списокот ги има и членовите на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко и Олександр Шевелев, но и повредениот десен бек на Шарт, Сергеј Онуфриенко. На списокот од разни причини ги нема Вјачеслав Садовиј, Александар Јужбабенко и Роман Северин.
Подготовките на Украина ќе почнат на 20 декември со собирот во градот Јужњи, додека првиот тренинг е планиран за 21 декември. Бебешко планира за Австрија да поведе 18 ракометари.