Репрезентативецот на Конго, Готје Мвумби имаше забележителен настап на Светското првенство во Египет и веднаш после одиграното првенство доби голем број на понуди од клубови од различни континенти.
Сепак, тој се одлучи својата кариера да ја продолжи онаму каде ракометот не е популарен спорт, а тоа е САД. Ракометарот кој својата медиумска популарност ја доби по настапите во Египет сега може да стане и влијателно лице во ИХФ доколку продолжи да го експонира ракометот во САД.
Пред извесен период, Мвумби се согласи да биде амбасадор на својот клуб, Детроит. Како ќе се снајде во неговата улога да биде и ракометар и амбасадор на спорт кој не е популарен под американското небо, ќе се дознае во периодот што следи.
Мвумби го доби и прекарот „ракометниот Шек“, а поради тоа прославениот кошаркар, Шекил О’Нил имаше контакти со него. Нивното пријателство трае и денес, а Шекил О’Нил очигледно има сериозни намери да го поддржи неговиот ракометен пријател, односно да му помогне на ракометот во САД.
Поранешниот кошаркар може да стане амбасадор на ракометот во САД и преку неговото влијание на социјалните мрежи да му помогне на овој спорт.
Има голем број на начини како Шекил О’Нил може да помогне ракометот да добие на популарност низ Америка, а едни од нив се следните – регрутор за спортисти, застапник за ТВ, разни спонзорства и др. Моментално, Шекил О’Нил работи како аналитичар на ТВ програмите низ Америка за НБА натпреварите.
Легендарниот Шекил О’Нил ја поздрави ѕвездата на СП – Мвумби се пофали на Инстаграм (ФОТО)