Натпреварот од кадетската лига меѓу Асови и Прилеп не се доиграл бидејќи кичевчанец бил приведен откако на полувремето влегол на теренот и го нападнал делегатот на средбата. Натпреварот е прекинат, а делегатот и судиите со полициска придружба биле изнесени од салата и од градот.
„На 25.02.2023 година пријавено е дека во 11,45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид. Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава се наведува во соопштенето од МВР.
Тоа е истиот меч за кој 24ракомет информираше во саботата, каде покрај прекинот на средбата и влегувањето на навивачи на терен имало и црвен и син картон за домашниот тренер.
Дисциплинската комисија на РФМ сигурно ќе има доста работа околу натпреварот.
Инцидент во Кичево: Нападнати судии и делегат – полицијата приведувала гледачи