Средниот бек на Струга, Петар Бугариновиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9 коло од Супер машката лига.
Бугариновиќ освои околу 43% од гласовите, а второпласираниот Андреј Петковски собра околу 15% од гласовите.
Средниот бек на стружани, беше лидер со седум гола во значајната победа на гостински терен над Вардар Неготино.
Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Никола Стефановиќ, Дарио Кофилоски, Куни Моралес и Никола Матовиќ.