Со завршувањето на финалето на Струшкиот турнир станаа познати и носителите на индивидуалните признанија, а таму наградите беа поделени кај финалистите и кај третопласираниот состав.
Тимур Дибиров кој во финалето постигна десет гола и беше стрелец на сите погодоци во продолжението и голот од пенал за победа го доби пехарот за МВП на 49. издание од Струшкиот турнир. Тој одигра убедливо во финалето, па ова му помогна да се најде пред конкурентите за престижната награда.
Новиот голман на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ, пак, го доби признанието за прв „чувар на мрежата“ на овој турнир.
Тој имаше добро издание и на натпреварите од групната фаза, а одигра добар натпревар и денеска во финалето кога имаше 15 интервенции и долго го чуваше својот тим во позиција за победа.
Златко Мојсовски од екипата на Бутел Скопје, пак, е најдобриот стрелец со 26 постигнати гола.
Дибиров стави точка на 49. Струшки турнир – После 70 минути Вардар се реваншираше и го доби пехарот