Маџовски тргна одлично во Ловќен – даде 15 гола на четири меча

Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски имаше одличен старт во новиот предизвик во кариерата.

Тој и црногорскиот првак Ловќен Цетиње беа гости кај косовскиот првак Беса и одиграа две пријателски средби.

На првиот Ловќен славеше со 33-24, а македонското лево крило постигна три погодоци, додека на вториот меч тимот од Цетиње победи со 28-24, а Маџовски даде четири гола.

Претходно на двата натпревари против босанскиот Леотар Требиње, нашиот интернационалец беше стрелец на осум погодоци.

Ловќен има големи амбиции во новата сезона во која ќе игра во Лигата на Европа, а покрај со Маџовски, се засили и со Радовиќ, Борозан, Перишиќ, Лакичевиќ…