Тиквеш имаше победнички старт на новата сезона во суперлигашкото друштво откако на домашен терен славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 28-26.
Најдобар стрелец беше левото крило Мирко Мајиќ, кој на дебито пред кавадаречката публика даде седум гола.
„Имам голема чест што сум тука и што сум дел од овој ракометен колектив. Воодушевен сум од амбиентот, браво за навивачката група „Лозари“. Покажавме карактер како колектив и до крај верувавме во победа. Можеби не бевме на максимум, но ова е сепак прво коло. Ќе ја подигаме формата и ветуваме лавовска борба и на идните натпревари. Овој меч беше доказ дека Тиквеш игра модерен европски ракомет, а публиката од трибините не признава ништо помалку од полн плен“, вели Мајиќ.
Следен предизвик за Мајиќ и Тиквеш ќе биде гостувањето кај новиот суперлигаш Аеродром.
Тиквеш со победнички старт – Еурофарм Пелистер 2 падна во Кавадарци!