Ракометарите на Вардар во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци во првото полуфинале од Купот на Македонија беа подобри од вториот тим на Еурофарм Пелистер, со резултат 24:28 (11:13)
Избраниците на Давид Дејвис не дозволија дебитантот на завршницата од Купот да дојде до изненадување. Со победата над Еурофарм Пелистер 2, „црвено-црните“ ќе играат во финалето, кое е закажано за в недела, и во кое се очекува како противник да го имаат првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Еден од најзаслужните за победата на Вардар беше голманот, Мартин Томовски, кој ја потврди добрата форма и истакна дека очекува одбрана на двојната круна.
,,Сакам да се заблагодарам за фер и коректната игра од страна на Еурофарм Пелистер 2. Ние сме среќни со освоената победа, посакувавме да играме финале и сега ќе го чекаме подобриот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел, нормално, сакаме да ја освоиме титулата. Што се однесува до Суперлигата, имаме уште две кола да одиграме и ќе дадеме се од себе во тие два последни натпревари од плеј-офот. Но, во ниту еден случај не смееме да се опуштиме”, изјави Томовски.
Ривал на Вардар во борбата кон одбраната на трофејот во Купот на Македонија ќе биде победникот од дуелот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер.
Вардар го мина Еурофарм Пелистер 2, ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија!