Марковски тргна победнички во Катар

Некогашниот македонски репрезентативец Иван Марковски тргна со победа во новиот тренерски предизвик.

Тренерот од Македонија, кој на почетокот на месец февруари ја презеде екипата на Катар Спорт Клуб, заедно со неговите избраници беа убедливи против Ал Кор во натпревар од 3 коло во катарскиот шампионат.

Тимот на Марковски против незгодната екипа на Ал Кор одигра одличен натпревар и запиша победа од седум гола разлика, 30:23.

Претходно Катар Спорт Клуб имаше два порази од Ал Рајан и од Ал Сад, а втор предизвик за Марковски и неговиот клуб ќе биде домашниот натпревар против Ал Ахли.