Вардар го очекува четвртфиналето во регионалната СЕХА лига против хрватскиот шампион Загреб.
Капитенот на „плинарите“, Давид Мандиќ, посакува победа во Скопје и пласман на Загреб на Ф4.
„Ни претстои борба за пласман на Ф4 турнирот и играме со екипа со која можам да кажам дека сме во егал по сите сегменти, па се надевам на еден добар и борбен натпревар. Вардар има доста променет состав од минатата сезона и се работи за добар тим за кој мораме добро да се подготвиме. Секако дека сакаме да одиграме добра одбрана што не красеше на турнирот во Добој. Одработивме тешки и долги подготовки, но треба да се воиграме уште малку. Имаме нова екипа со постари и искусни играчи кои од нас помладите го вадат најдоброто. Во екипата владее добра атмосфера и едвај чекаме да почне новата сезона. Секако дека ќе се ‘истепаме’ и се надеваме дека ќе победиме во Скопје“, вели Мандиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.