Во последните денови коронавирусот се шири низ светот со брзина на светлината, а спортистите се меѓу најризичните категории поради контактот со голем број луѓе.
Раководството на Веспрем не сакаше ништо да препушти на случајот поради многуте патувања во изминатиот период во земји каде што има голем број заразени со коронавирус, па реши да ги тестира сите ракометари и стручниот штаб.
Тестирањето се одвиваше во текот на викендот во Унгарија, а сите примероци се негативни.
Сепак нема информација кога Дејан Манасков и неговите соиграчи ќе се вратат на тренинзите и на натпреварите, со оглед на тоа што и Унгарија за време на викендот ги стопираше лигите.