Репрезентацијата на Шпанија, која на Европското првенство е најголемото разочарување, бидејќи по двата порази од Црна Гора и Полска се наоѓа пред елиминација, за вечерашниот дуел против Германија ќе биде дополнително ослабена.
Откако искусната голманка Силвија Наваро ги скина вкрстените лигаменти на коленото на мечот со Црна Гора, стручниот штаб на ,,црвената фурија” денес соопшти дека настапот на Европското првенство е завршен и за втората голманка Мерцедес Кастељанос.
Голманката на Бера Бера во дуелот против Полска заработила повреда на ногата и нема да може да им помогне на своите колешки во дуелот против Германија. Трета опција на голманската позиција во шпанската репрезентација е Аља Мади, која нема искуство на големи натпреварувања.
Селекторот на Шпанија, Хосе Игнасио дополнително ја повика голманката од Бера Бера, Никол Вигнес, која заедно со Мади ќе го чуваат голот на натпреварот против Германија, кој ќе одлучи која репрезентација ќе патува во главната фаза на Европското првенство.
Тешка повреда за највозрасниот играч на ЕП, го заврши настапот по само еден меч!