По организацијата на завршницата во македонскиот куп во машка и женска конкуренција, Куманово го доби домаќинството на уште еден голем настан во македонскиот ракомет.
Во среда, 18.09.2019 со почеток од 18:30, спортската сала во Куманово ќе ги пречека најдобрите две машки екипи од минатата сезона, освојувачот на Купот Металург и носителот на шампионската титула Вардар во нова пресметка за Суперкупот на Македонија.
Македонскиот суперкуп натпревар ќе се одигра по трет пат во историјата на македонскиот ракомет, откако Вардар во изминатите години беше поуспешен од Металург во Струга односно еурофарм Работник во Скопје. Овојпат шансата да ја освојат првата титула Вардар и Металург ќе ја имаат во градската спортска сала во Куманово на средина на септември. Минатата сезона Вардар беше поуспешен од Металург со резултат 33:24, додека на првото издание актуелниот европски првак беше поуспешен од Еурофарм Работник со резултат резултат 30:25.
Куманово ја доби организацијата откако успешно го организираше завршниот викенд во Купот на Македонија минатата сезона, а Охрид иако важеше за еден од главните фаворити во трката по домаќинство на ракометниот спектакл македонски Суперкуп сепак ќе мора да почека некоја нова сезона и шанса да ја донесе македонската ракометна елита пред своја публика.