Македонска репрезентативка позитивна на коронавирус!

Коронавирусот прави големи проблеми во Романија. После ракометарката на Крајова се појави и уште еден позитивен случај во екипата на Глорија Бузау, а тоа е македонската репрезентативка Елена Ливриниќ.

Ливриниќ летово од Рапид Букурешт се пресели во Глорија Бузау, а на тестирањето на екипата во понеделникот пред почетокот на подготовките и беше дијагностициран коронавирус. Македонската интернационалка е единствената од нејзиниот тим која имаше позитивен тест на коронавирусот, пишува романскиот „ГСП“

Тимот од Бузау минатата сезона првенството го заврши на четвртата позиција и ќе игра во Лигата на Европа. Тимот е на подготовки во пресрет на новата сезона надвор од Бузау, а управата одлучи Ливриниќ да ја испрати дома во изолација. Исто така надвор од тимот ќе биде и нејзината цимерка Патрисија Морару и двајцата масери на екипата кои имале контакт со нашата репрезентативка.

Во истиот комплекс на подготовки пристигна и екипата на Валчеа, но двата состави се немаат сретнато и нема опасност од проширување на вирусот.