Македонската иднина вторпат на дело против Чиле (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Чиле (втор натпревар)

Машката сениорска репрезентација на Македонија обезбеди втора победа на дуелите против Чиле откако денеска го совлада ривалот со 28:24. И денеска момците играа без капитенот Лазаров, кој не беше во составот, но успеаја да најдат начин за победа. Немаше премногу форсирање ниту денеска така што во мирна игра одново беше обезбедена победа над Чиле, а ова беше секако добра можност за сите ракометари да почувствуваат како е на теренот.