Македонија vs Израел – Eдна поинаква приказна (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Првиот дуел меѓу Македонија и Израел од поинаква перспектива

Репрезентацијата на Македонија го совлада Израел на првата од двете контроли, па успеа да дојде до одлична проверка на формата на десет дена до првиот дуел на Европското првенство. Победата од 31:28 дава оптимизам со оглед на тоа што ракометарите уште еднаш се вратија од негатива и покажаа дека се подготвени да се надигруваат и кога не се во позитива. Како изгледаше овој дуел можете да погледнете и од фотографиите.