Македонија ЃП со победа против Шампион од 29:25 (15:15) освои нови два бод во прволигашката конкуренција и се задржа на лидерската позиција во групата Б.
Шампион пружи силен отпор на натпреварот, на моменти водеше, но гостите со подобрата игра во второто полувреме стигнаа до посакуваната цел.
Победничката екипа беше предводена од Бојан Божиновски и Стефан Нацев, првиот постигна девет, вториот осум гола. Кај Шампион се истакна Илија Пејковски, кој сад своето име запиша 11 гола.
Ракометарите на Македонија ЃП во следното коло се слободни, потоа ги очекува соочувањето со еден од конкурентите за првата позиција – тимот на Младост Богданци.
Овче Поле дојде до нова победа во Првата лига, триумфираше над Астраион со четири гола разлика, 31:27.
Гостите од Свети Николе во Струмица одиграа според планираното, веќе на полувреме имаа предност од 17:12, во вториот дел дојдоа до поизразена позитива, но домаќините успеаја да го ублажат поразот.
Победничката екипа беше предводена од Кристијан Стаменков, кој постигна осум погодоци, а седум додаде Бобан Димитријев. Кај поразениот табор се истакна Христијан Ефтимов со девет погодоци.