На табелата во ЕХФ Еуро купот после две одиграни средби репрезентацијата на Македонија се наоѓа на 3. место со гол разлика од минус девет погодоци.
Македонија загуби два дуели од Црногорките така што нема бодови, но прикажа добра игра и новитети на теренот. Ова е добар знак, но ќе треба сето ова да се потврди и на следните дуели кои доаѓаа.
Другите четири натпревари се играат на крајот на зимата и почетокот на пролетта. Две средби се играат во првите денови од март, а две кон средината на април. Во март противник на Македонија ќе биде уште еден од домаќините на Европското првенство, Словенија, додека во април ривал ќе биде актуелниот првак од последниот шампионат, Норвешка.
ЕХФ ЕУРО КУП
РЕЗУЛТАТИ
1.КОЛО
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 21:29
НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА 29:17
2.КОЛО
ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 31:30
СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА 21:26
3.КОЛО (2 МАРТ 2022)
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА
ЦРНА ГОРА – НОРВЕШКА
4.КОЛО (5 МАРТ 2022)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА
НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА
5.КОЛО (20 АПРИЛ 2022)
МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА
СЛОВЕНИЈА – ЦРНА ГОРА
6.КОЛО (23 АПРИЛ 2022)
НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА
ЦРНА ГОРА – СЛОВЕНИЈА
ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 бода (55:38); 2. Црна Гора 4 (60:51); 3. Македонија 0 (51:60); 4. Словенија 0 (38:55).