Македонија со најлош пласман во историјата на ЕП – заврши на 15-то место!

Mашката ракометна репрезентација го заврши неславно настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. По поразите од домаќинот Австрија и од Чешка, како и по победата над Украина, избраниците на Данило Брестовац останаа на третото место во групата Б.

Според регулативите на ЕХФ, како и според резултатите на сите селекции што завршија на третото место во шесте групи, Македонија на крајот ќе заврши како 15-то пласирана репрезентација.

Пред нас секако ќе бидат Данска или Унгарија на 13-то место, како и Франција која има подобра гол-разлика од нашата. Позади Македонија би требало да завршат Швајцарија, Холандија и Црна Гора до 18-то место, како и Србија, Украина, Летонија, Босна и Херцеговина, Русија и Полска, кои ќе бидат распоредени од 19-то до 24-то место на континенталниот собир.

Пласмани на Македонија на ЕП:

ЕП 1998 Италија, 12-то место
ЕП 2012 Србија, 5-то место
ЕП 2014 Данска, 10-то место
ЕП 2016 Полска, 11-то место
ЕП 2018 Хрватска, 11-то место
ЕП 2020 Австрија/Норвешка/Шведска, 15-то место