Машката репрезентација на Македонија губи со 13-15 од селекцијата на Србија по првото полувреме од мечот за бронзен медал на Медитеранските игри во Алжир.
До 4-4 се играше гол за гол пред десните крила Костески и Петковски да донесат плус два за Македонија, 6-4. По одбраната на Гогов, преку Петар Атанасијевиќ зголемивме на плус три, 8-5, а неколку шанси беа пропуштени да биде зголемена предноста.
По 10-7 за нашата репрезентација, Србите ги казија сите наши грешки и израмнија на 10-10. Во еден момент, Македонија остана со тројца играчи во поле поради икслучувањата на Митев, Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ.
Србија направи пресврт, го врати водството на своја страна, 11-12, но Џонов погоди за реми, 12-12, иако имавме двајца играчи помалку на терен. Истиот играч искористи едно невнимание на Србите и погоди за 13-13.
Десниот бек што во Нант играше со Лазаров, Милан Милиќ, погоди два пати по ред за 13-15, а потоа нашите ракометари уште еднаш промашија во нападот. Гогов одбрани еден зицер на Поповиќ, но Македонија не погоди и со резултат 13-15 се замина на пауза.