Македонија покажа класа против Турција и фати залет на ЕХФ шампионатот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Турција (ЕХФ шампионат кадети, 1 коло)

Машката кадетска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на ЕХФ шампионатот во летнскиот град Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ славeа против Турција со убедливи 34-19, а победникот беше најавен уште по првиот дел, кога беше 15-10. Најдобар стрелец беше Александар Петковски со десет гола, шест даде Димковски, додека пет пати стрелаше Тодор Узунчев. Голманот Брестовац блескаше и фати дури 18 топки со 52% успешност, додека Галевски одбрани два пенали. Утре од 13:00 часот, кадетите ќе се соочат со Косово, а со победа на тој натпревар ќе бидат веќе во полуфиналето на ЕХФ шампионатот.