Репрезентациите на Македонија во ракомет на песок си добија свое рангирање на најновата листа на ЕХФ односно се најдоа меѓу селекциите кои имаат рејтинг поени.
И на двете листи на лидерската позиција се наоѓа репрезентацијата на Шпанија, додека зад неа е Унгарија.
Во машка конкуренција репрезентацијата на Македонија се наоѓа на 25. место со 28 поени. Таа е последна од оние селекции кои имаат освоено поени.
При ренгирањето се земени предвид бодовите од младинските и сениорските првенства од последните три години.
Македонија има поени само од Европското првенство во Полска од 2019 година за сениори, а тогаш беа освоени 28 бода. Сепак, тие не беа доволни за нешто подобар пласман.
Прва е Шпанија со 464 бода, а следуваат Унгарија со 456 и Хрватска со 452 бода.
Македонија е на 24. позиција со 24 бода освоени исто така само на последното Европско првенство за сениорки во ракомет на песок.
Кај дамите лидер исто така е Шпанија која има 448 поени, а следуваат Унгарија и Холандија кои имаат по 440 бода и се на делба на 2. место.
Ова рангирање ќе биде земено предвид за следното ЕП за кое нема да има квалификации поради пандемијата со коронавирус. Пласман ќе има само за најдоброрангираните 16 селекции и во двете категории.