Репрезентацијата на Македонија денеска ќе го има третиот предизвик на Европското првенство на кое нашата држава е еден од домаќините.
Во последното коло од групната фаза од континенталниот собир противник на избраничките на Љубомир Савевски ќе биде репрезентацијата на Романија, која исто како и Македонија, беше поразена од Франција и Холандија.
Низ историјата, Македонија и Романија имаат одиграно шест натпревари, од кои четири на големите натпреварувања – ЕП и СП. Имаме едно реми од ЕП во Романија во 2000 година, додека победата датира од 1997 година на СП во Германија.
Македонија со победа против Романија ќе обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство. Ривалот е голем фаворит во денешниот натпревар што ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Меѓусебни натпревари на Македонија и Романија:
09.12.1997, Хамбург (Германија), Романија – Македонија (СП) 33:37
09.12.1999, Хамар (Норвешка), Романија – Македонија (СП) 33-21
09.12.2000, Букурешт (Романија) Романија – Македонија (ЕП) 19-19
10.12.2005, Санкт Петербург (Русија), Романија – Македонија (СП), 29-22
17.04.2021, Букурешт (Романија), Романија – Македонија (СП квалификации) 33-22
21.04.2021, Скопје (Македонија), Македонија – Романија (СП квалификации) 20-35