Репрезентацијата на Македонија има негатива од три гола после првите 30 минути против Словенија откако во последните пет минути од првиот дел не успеаја а постигнат гол, па на одмор е 10:13.
Македонија имаше одличен старт на средбата со 2:0 и три одбрани на Томовски, за брзо потоа да биде и плус три и предноста да изнесува 4:1. Сепак, на овој резултат следуваше серија од четири гола од страна на Словенците за целосен пресврт во средбата. Репрезентативците на Македонија влегоа во криза и тоа ги чинеше губење на предноста бидејќи противникот ја презеде контролата.
Кризата траеше уште некоја минута, па продолжија минутите во кои немаше голови, а серијата на Словенија дојде до шест гола и резултатот беше 7:4. Тука следуваше одново консолидирање на одбраната што овозможи да се има враќање во натпреварот и да се дојде до шанса за неизвесност.
Таквиот ритам донесе 8:8, а потоа Томовски запре удар од седум метри и се влезе во период на грешки. Немаше голови, а имаше грешки на двете страни при што се влезе во ново надигрување во кое имаше голови и на едната и на другата страна, па на пет минути пред паузата беше 10:10.
Македонија им парираше на Словенците кои доминираа во одбраната со корпулентноста, но храброста и борбеноста ги красеше нашите момци кои одработија одличен дел и дојдоа до одлична можност да бидат близу со резултатот.
Оттаму немаше многу голови во завршните моменти од првото полувреме. Голманите се истакнуваа, и Томовски и Базник имаа добро издание кое им даваше простор за убаво продолжение на средбата. Словенците, сепак, знаеја да го зачуваат својот гол и да постигнат три гола за на полувреме да имаат водство од 13:10.
После првото полувреме Кузманоски е најефикасен во Македонија со три гола, по два имаат Талески, Велковски и Кузмановски, додека еден гол има Пешевски. Мартин Томовски има осум одбрани. Базник заврши со седум интервенции, додека Јуре Доленец со пет гола е најефикасниот.