Ракометарката на охридскиот клуб Лихнид, Јована Софковска, кариерата ќе ја продолжи во Србија, откако договори соработка со тимот на Бор.
Охриѓанката која игра на десната крилна позиција е подготвена за првиот интернационален предизвик во својата ракометна кариера.
„Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои до сега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотиација за успеси со новиот клуб“, изјави Софковска за „Ohridnews“.
19-годишната ракометарка претходно беше дел од тимовите на Вардар и Металург.