Македонија добива нов интернационалец – Дрогришки се сели во Кувајт (ФОТО)

Ракометарот кој во последната сезона беше дел од тимот на Еурофарм Пелистер 2, Стефан Дрогришки и покрај понудите од клубови од Супер машката лига се одлучи кариерата да ја продолжи надвор од Македонија и да игра во Кувајт.

Дрогришки се одлучи за интернационална кариера и ова е првпат за него да игра надвор од Македонија. Неговиот нов клуб е Казма, а тоа е шампионот на оваа земја.

Клубот веќе ја објави информацијата за неговото пристигање така што се очекува деновиве да има и официјална промоција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kazma Sports Club (@kazma_sc)

Инаку, Дрогришки во кариерата играше и за тимот на Металург, а во времето на Лино Червар беше дел и од репрезентацијата на Македонија и тоа на Мундијалот во 2017 година.