Македонија без Лазаров, но со Маркоски на вториот дуел против Чиле

Репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра вториот контролен натпревар против репрезентацијата на Чиле, а има една измена во составот во однос на првиот дуел.

В составот овој пат го нема капитенот Кирил Лааров. Тој е во салата, но нема да игра на овој дуел. На првата средба беше меѓу пријавените, но и тогаш не играше. Во отсуство на капитенот Лазаров, денеска со капитенската лента ќе биде голманот Никола Митревски.

За разлика од првата средба сега меѓу пријавените се наоѓа и пивотот Никола Маркоски. Тој се приклучи на тренинзите во минатите денови и денеска ќе биде засилување и за одбраната и за нападот.

Ова е практично генералка за Чиле пред патувањето на Мундијалот во Египет, а воедно и нова добра можност за контрола за Македонија во овие кратки подготовки во јануари.