Еден од легендите на македонскиот ракомет, Филип Миркуловски, денеска ја заврши својата играчка кариера откако го одигра последниот натпревар во дресот на Вецлар.
Некогашниот ас на македонската репрезентација со победнички крај замина во пензија.
Вецлар во последното коло од Бундес лигата триумфираше над Минден со 30:28, а Миркуловски двапати се запиша во листата на стрелци.
По завршувањето на натпреварот, ракометарот од Македонија беше испратен со громогласен аплауз и овации од фановите на клубот.
Миркуловски во дресот на Вецлар мина седум сезони. Освен за Вецлар настапуваше и за екипите на Хановер, Металург, Младост од Богданци и Македонија.