Екипата на Магдебург забележа одличен резултат на Светското клупско првенство во Џеда каде што дојде до победа во финалето против екипата на Барселона од 33:28 со што се вброи меѓу вечните.
Сепак, не станува збор само за титулата на Супер Глоуб туку и во европските купови така што се најде на списокот со уште три екипи кои досега го имаа постигнато истото. Претходно на овој список беа Кил, Барселона и Кантабрија (Прв освојувач на Светското клупско првенство во 1997 година). Сите го освојувале пехарот и во ЛШ, и во Лигата на Европа односно Купот на ЕХФ.
Магдебург победуваше во Лигата на шампионите (КЕШ) во 1978, 1981 и 2002 година. Во Купот на ЕХФ и Лигата на Европа до триумф дојде во 1999, 2001, 2007 и 2021 година.
ТИТУЛИ
КАНТАБРИЈА
Лига на шампиони: 1993/94
Куп на ЕХФ/Лига на Европа: 1992/93
Супер Глоуб: 1997
КИЛ
Лига на шампиони: 2006/07, 2009/10, 2011/12, 2019/20
Куп на ЕХФ/Лига на Европа: 1997/98, 2001/02, 2003/04, 2018/19
Супер Глоуб: 2011
БАРСЕЛОНА
Лига на шампиони: 1990/91, 1995/96, 1996/97, 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2004/05, 2010/11, 2014/15, 2020/21
Куп на ЕХФ/Лига на Европа: 2002/03
Супер Глоуб: 2013, 2014, 2017, 2018, 2019
МАГДЕБУРГ
Лига на шампиони: 1977/78, 1980/81, 2001/02
Куп на ЕХФ/Лига на Европа: 1998/99, 2000/01, 2006/07, 2020/21
Супер глоуб: 2021