Магдебург го совлада Кил и му направи услуга на Фленсбург

Магдебург и Кил го одиграа дербито во 33. коло од Бундес лигата кое го доби домашната екипа со 34:33 и не им дозволи на „зебрите“ да се вратат на врвот на табелта.

Магдебург имаше постојана предност која се движеше од еден до три гола во текот на првото полувреме. Домашниот тим го диктираше резултатот и не му дозволуваше на Кил да стигне до израмнување и преземање на водството.

После првите 30 минути Магдебург имаше минимално водство од 17:16. И вториот дел продолжи во ист ритам сè до 40. минута кога Магдебург ја започна серијата од 5:0 со која домашниот тим стигна до највисоките шест позитива 26:20 во 43. минута.

Во продолжението на натпреварот, Кил успеа да се врати во игра за позитивен резултат. Успеаја да намалат на минус еден во 53. минута кога Дувњак намали на 29:30 и се влезе во неизвесна завршница. Сепак, Магдебург не си дозволи да изгуби меч на кој постојано водеше и стигна до голема победа.

Најефикасни во тимот на Магдебург беа Муса и Магнусен со по осум погодоци, а во екипата на Кил исто така по осум гола постигнаа Ејбег и Дамке. Овој пораз Кил може да го чини шампионска титула, на пет гола до крај сега се на втората позиција со еден бод помалку од Фленсбург.

БУНДЕС ЛИГА – ТАБЕЛА: 1. Флензбург 60 бода (1011:855); 2. Кил 59 (1059:878); 3. Магдебург 46 (1004:882)…